Глобалното загадување убива 9 милиони луѓе годишно

0
296

Истражувањето покажува дека токсичниот воздух, водата, почвата и работните места убиваат најмалку 9 милиони луѓе и чинат трилиони долари годишно.

Загадувањето убива најмалку девет милиони луѓе и чини трилиони долари секоја година, според најсеопфатната глобална анализа до денес, која предупредува дека кризата „го загрозува опстанокот на човечкото општество“, пренесе Гардијан.

Токсичниот воздух, водата, почвите и работните места се одговорни за болестите што убиваат еден на секои шест лица ширум светот, открива историскиот извештај, а вистинскиот вкупен износ би можел да биде повисок за милиони, бидејќи влијанието на многу загадувачи е слабо разбрано. Смртните случаи што се припишуваат на загадувањето се тројно поголеми од оние од сида, маларија и туберкулоза заедно.

Најголемиот дел од смртните случаи како резултат на загадувањето се јавува кај посиромашните земји, а кај некои, како што се Индија, Чад и Мадагаскар, загадувањето предизвикува четвртина од сите смртни случаи. Меѓународните истражувачи рекоа дека ва оптоварување е енормно скапо за економиите во развој.

линк