Голем пожар на Крф

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Голем шумски пожар кој денеска изби на грчкиот остров Крф излегува од контрола и поради тоа локалните власти побараа авиони канадери, изјави шефот на грчката противпожарна служба Апостолос Вардекис.

Тој истакна дека пожарот избил далеку од населени места, но силниот ветар отежнува напори на пожарникари и може да го насочи пожарот во несакан правец. Во гаснењето на пожарот се мобилизирани 24 пожарникари, седум против-пожарни возила, неколку општински возила и два мали авиона. Вардекис нагласи дека засега не се знае причината за пожарот.

Share.