Голема победа по продолжение во Гевгелија, Пелистер останува лидер

Лидерот Пелистер се намачи да извојува победа на гостувањето во Гевгелија против Кожуф со 83-88 (10-22, 23-21, 25-16, 14-13, 11-16) , во заостанатиот дуел од првото коло. Победникот беше решен по продолжение, откако Кожуф прокоцка +4 на влезот во последната минута. Сепак, Пелистер покажа квалитет и карактер и останува единствена непоразена екипа во Првата лига.

Најефикасни во тимот на Кожуф беа Силаџи со 27 и Скот со 15 поени, а за Пелистер се истакнаа Кесар со 24 и Вилијамс со 16 поени. Одличен натпревар одиграа и Стајиќ и Калахан со по 12 и Трајковски со 11 поени. Со седум врзани победи Пелистер го сруши клупскиот рекорд и се зацврсти на врвот на табелата. Двете екипи наскоро пак ќе се сретнат за првенствени бодови во Битола.

 

Сподели