Голема прослава за успехот на ракометарите на Вардар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со два панорамски автобуси европските шампиони ќе бидат донесени на централната прослава пред порта „Македонија“. Автобусите на ЈСП се специјално брендирани со натписот „Шампиони“.

Ракометарите на Вардар во 11:15 часот ќе пристигнат на аеродромот „Александар Велики“, а околу 13 часот ќе биде централната прослава на плоштадот „Македонија“.

Во 13 часот, европските шампиони ќе поминат под порта „Македонија“ каде што ќе се упатат на плоштадот. На ова место веќе е поставена бина и се чекаат ракометарите да ги споделат најинтересните и највозбудливите моменти од нивните натпревари, особено од големото финале со ПСЖ.

Share.