Големо невреме ја зафати Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пороен дожд и грмежи доцна попладнево ја зафатија Битола.  Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплавување на дел од улиците во градот, што направи проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.

На социјалните мрежи граѓани преку фотографии реагираат на поплавени улици од силниот дожд, заради неможноста атмосферската канализација да ја собере големата количина на вода.

Како што претпладнево објавивме Управата за хидрометоролошки работи предупреди дека до средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

 

Share.