Горан Грујевски и Никола Бошкоски се уапсени во Солун

0
1139

Извори во Министерството за внатрешни работи за Радио Слободна Европа потврдија дека во Солун, Грција, биле уапсени поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се обвинети во случајот Тврдина од страна на Специјалното јавно обвинителство. Според првичните информации, тие биле приведени по меѓунароната потерница откако поминаа три месеци во бегство.

На поранешниот началник на Петта управа Грујовски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошковски им беше одреден притвор на 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд, а го потврди и скопска апелација. Судското рочиште за предметот „Тврдина“ веќе започна, а нив им се суди во отсуство.