Границата отворена, патот над Битола затворен, кон Ресен по една коловозна лента

0
3368

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.

На државниот пат А3(М5), делница Ресен – Битола во тек се завршните активности за рехабилитација на коловозот.
Од клучка Кажани до премин Ѓавато (пунктот на Македонија Пат), се работи на должина од 1,8 км, односно од паркингот кај чешмите до самиот премин. На оваа делница сообраќајот се одвива двонасочно односно на едната половина на патот каде не се изведуваат градежни работи. Тука патот е широк 11 метри и оставена е една трака со ширина од 5,5 метри за одвивање на двонасочен сообраќај.