Грција доби нова транша од 8,5 милијарди евра од Еврогрупата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министрите за финансии од Еврогрупата на нивната денешна средба во Луксембург постигнаа договор за грчкиот долг, што ќе го овозможи отпуштањето на следната спасувачка транша свежи пари за Атина, пренесе ДПА, цитирајќи неименувани извори.

Траншата изнесува 8,5 милијарди евра, што е повеќе од седумте милијарда, за кои Грција има итна потреба за да може во јули да ги плати своите ануитети од долгот и да го избегне банкротот.

Share.