Груевски и неговите соработници денес на јавна седница за жалбите за „Титаник”

0
454

Во Апелацискиот суд Скопје денес на јавна седница треба да се појават екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Мили Јанакиески, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Седниците се закажани откако СЈО за случајот „Титаник” се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите место притвор, им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната.

Денес на јавната седница во Апелацискиот суд Скопје аргументите за жалбите ќе ги соочат двете спротивставени страни, по што второстепениот суд има рок од 48 часа да донесе одлука.

mkd.mk