Груевски не успеа да формира влада

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Мандатарот за формирање влада во Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски не постигна договор за коалиција со ДУИ во предвидениот рок кој истече на полноќ.

Денеска се очекува првиот мандатар да го врати мандатот. А кој ќе биде следниот чекор за формирање Влада е неизвесно.

Во Уставот на Република Македонија претседателот на државата е тој кој по одржаните парламентарни избори најдоцна од 10 дена од конституирање на Собранието го доделува мандатот за формирање на влада. Штом првиот обид на мандатарот Груевски пропадна со непочитување на законскиот рок од 20 дена пропадна вчера на полноќ сега има отворен простор за различни толкувања.

Познавачите на политичките прилики во јавноста коментираа дека членот 90 од Уставот не предвидува втор или трет мандатар и дека на побединичката партија треба да и се дозволи доволно време за да формира мнозинство.

Експертите по уставно потенцираат, бидејќи Никола Груевски не договори парламентарно мнозинство, согласно членот 90 од Уставот мандатот и натаму да останува кај победничката партија.

Има и такви рамсилувања да се даде мандатот на друг од партијата ВМРО ДПМНЕ, како тоа што се случило во 1992 година.

Според други мандатот треба да го добие Зоран Заев, од СДСМ како втора партија која освои најмногу гласови на изборите.

 

Share.