Груевски: Нема популизам и нетранспарентно делење на средствата за инвертер климите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Секој имаше право да учествува на повикот за субенција за инвертер клими, без разлика кој каква функција држи во моментот или пака ја имал во минатото, рече днеска претседателот на советот Валентин Груевски, коментирајќи ги реакциите во јавноста дека субвенциите за инвертер клими биле доделени нетранспарентно.

„Општина Битола ја направи досега најголемата акција со која сметаме дека ќе го подобриме квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, односно давањето на 2500 клима инвертери. Постапката трае и мислам дека се работи со најависоките начела на транспарентност. Досега е позната прелиминарната листа, се надеваме дека до 4 ноември ќе биде позната и конечната листа. Од она што јас го читам и слушам се обвинува за популизам, за нетранспарентно делење на средства. Не се работи за популизам ако вие доделите 2,5 милиони евра за одредена цел. Листата е јавно достапна прочитани се имињата, секој имаше право да учествува на листата без разлика дали кој каква функција држи во моментот или ја имал во минатото. Доколку ги исполнува условите, се греел досега на дрва па треба да ја промени во клима инвертер, има право да учествува на овај повик. Морам да потсетам дека сите оние што учествуваа дадоа изјави под полна, кривична и материјалана одговорност дека досега се грееле на дрва а понатаму ќе се греат на клима уредите“, рече Валентин Груевски, претседател на Совет.

Денеска во 14 часот истече рокот за поставување на прашања од страна на апликантите кои што не се најдоа на прелиминарната листа објавена од страна на општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.Крајниот рок за одговор на поставените прашања е 04.11.2020 година до 12.00 часот, по што ќе следува објава на конечната листа.

Share.