Груевски : Победа чиста како солза

0
1081

– Од мое име како носител на листа на коалицијата Живот за сите и од името на Либерал Демократската партија, сакам да ви кажам едно големо благодарам на огромната поддршка која ни ја дадовте на локалните избори, 31.300 гласови за Наташа и девет и пол илјади гласови повеќе од листата на ВМРО- ДПМНЕ се апсолутен рекорд во плуралистичка Македонија. Победата на коалицијата Живот за сите на изборите во недела е величествена надочекувањата чиста како солза, победа на која не може да и се стави ни најмала забелешка, од 170 избирачки места победивме на 164, победивме и онаму каде никогаш не сме победиле со што граѓаните јасно ставија дознаење дека им е преку глава од лажните и неисполнети ветувања , вистината е дека победија граѓаните на Битола кои беа газени понижувани уценувани и ограбувани во овие скоро 13 години од една власт која бездушно, неуко, диво расипнички и недомаќински владееше во Битола.
Се надеваме дека во неделата политиките на оваа власт притисоците уцените заканите, стравот за миг заминаја на буништето на историјата таму каде што всушност и му е местото, но покрај довербата, добивме и огромна обврска да ги решаваме наталожените проблеми кои очигледно во овој град ги има премногу, проблеми има секаде и во сите сфери, ги има и такви што се видиливи со голо око но има такви кои ќе ги видиме откако официјално ќе ги преземиме институциите со кои раководи општината и самата општина, одлуките што ќе ги носиме ќе бидат транспарентни, отчетни и во договор со граѓаните на општина Битола, нема да водиме инает со граѓаните, бидејќи не сме ни најпаметни ни најдобри ќе слушаме се што ќе ни биди предложено а одлуките ќе ги носиме со заеднички договор, ќе подадеме рака кон сите политички групации кои влегоја во новиот совет, ќе се потрудиме големата политика да остане надвор од советот, а ние да ги решаваме локалните проблеми бидејќи за тоа сме избрани .
Битола мора да ја вратиме во нормалните текови и на политиката и на бизнисот мора да создадеме нормална комуникација со бизнисмените , уметниците, професорите, занаетчиите , угостителите , туристичките работници , спортистите земјоделците , ранливите категории, и пензионерите , никој не смее да биде заборавен и оставен настрана, Битола мора да биде град за сите, на крај посебна благодарност до медиумите за нивниот напор за следење на оваа кампања и нивната коректност во целиот овој период , изјави Валентин Груевски носител на листа