Груевски: Работиме по деловник и има пропорционална застапеност на сите советнички групи во комисиите

0
650

– Ние како владеачко мнозинство го почитуваме членот 50 од деловникот за работа на Советот на Општина Битола во кој пропишува пропорционална застапеност на сите советнички групи во работата на комисијата. А не постојат главни и помалку главни комисиии сите 16 комисии на Советот на Општина Битола се со подеднаква важност. ВМРО-ДПМНЕ има 11 советници согласно со тоа има 28 членови во комисиите, Поинаку има два советници и има 5 членови на комисиите, а ДУИ има еден советник и три членови во комисиите, и коалицијата предодена од коалицијата за живот има вкупно 47 членови во комисиите. Според таа пропорционална застапеност сите се застапени со одреден број на членови во комисиите, не можи луѓето кои гласале за Поинаку и за ДУИ да не бидат застапени во комисиите на Советот, желбата на ВМРО-ДПМНЕ кога сакаат ги расчленуваат комисиите на главни и помалце главни и само тие да учевствуваат не може да се оствари бидејќи е различно од вољата на граѓаните искажана на изборите. Во минатиот Совет точно дека ние како опозиција имавме два советници во секоја комисија меѓутоа морам да ги потсетам граѓаните дека ние тогаш освоивме 14 советниции освен опозиција и позиција во советот немаше претставници на други советнички групи, изјави Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола