Груевски: Видливи нерегуларности во изборната кампања и денеска

0
637

Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа да го остварат своето гласачко право, со што ја заштитија демократијата во Република Македонија и покажаа грижа за своите градови и за своите општини. Се надевам на успешни избори, односно избори што ќе бидат најдобри за Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по гласањето на гласачко место во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

Тој истакна дека од партијата нотирале и низа неправилности, како што рече, во текот на изборната кампања и денеска на денот на гласањето.

– Исто така, сакам да нотирам дека за целиот изминат период имаше видливи нерегуларности и незаконитости низ целиот период на кампањата, вклучително и денеска, но за тоа ќе информираме кога ќе дојде време, рече Груевски.

http://makfax.com.mk