Хаг: Одбиено барањето на Младиќ за одложување на изрекувањето пресуда

0
462

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го одби барањето на одбраната на Ратко Младиќ за одложување на изрекувањето на пресудата закажана за 22 ноември.

Адвокатите на Младиќ побараа одложување на пресудата со цел тој, чие здравје е влошено, да биде испитуван од српски лекари.

Судиите во одлуката наведоа дека извештаите на независните медицински експерти и персоналот во единицата за притвор на Трибуналот „покажуваат дека здравјето на обвинетиот останува стабилно”.

Младиќ е обвинет како командант на Армијата на РС за злосторства против муслиманите и Хрватите во БиХ од 1992 до 1995 година/MIA