Хан испраќа експерти за да помогнат за реформите во судството

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави дека Европската комисија кон средината на јули ќе испрати експерти по право за да помогнат на новата влада да ги спроведере реформите од областа на правосудството, објави СДК.МК.

Тој за специјализираниот портал Јурипиан Вестерн Балканс изјавил дека „власта и опозицијата мора да се фокусираат на имплементација на итните реформски приоритети и на Договорот од Пржино за да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат“.

„Како што најавив, испраќам експерти за владеење на правото назад во Скопје за да го следат развојот на настаните во врска со препораките од 2015 година и да ја советуваат новата Влада за системски прашања поврзани со владеење на правото“, рекол Хан.

На 27 јуни во Македонија беше лично водачот на тимот Рајнхард Прибе. Неговиот тим ќе дојде во Македонија  од 17 до 21 јули.

Со слична мисија доаѓа и високиот претставник на германското Министерство за наворешни работи Михаел Рот кој до вторник ќе престојува во Македонија.

Share.