Холивудските актери воодушевени од Медена земја

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум.”-ова го напиша познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис, на своите профили на Инстаграм и на Твитер.

Претходно ѕвездата од серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер ги напиша впечатоците за нашето ремек-дело.

По цели 25 години, македонско остварување ќе се натпреварува за најпрестижната филмска награда Оскар. „Медена земја“ е номиниран во категориите Најдобар документарец и Најдобар странски филм. Нашата земја испиша историја на најпрестижното филмско натпреварување. Првпат сме во трка за дури два оскара.

Музиката во филмот е на битолската група „Фолтин“.

Share.