Хрвати ја учат Агенцијата а таа сточарите како да прават сирење

0
611

Од денес па во наредните 10 дена советодавци од Р.Хрватска ќе ги обучуваат битолските советодавци вработени во Агенција за развој на земјоделието за производство и преработка на млеко и млечни производи , односно производство на сирење, кои што во иднина стекнатото знаење треба да им го пренесат на земјоделските производители.Ова значи продолжување на соработката помеѓу Македонија и Хрватска откако минатата година беше потпишан договор за соработка меѓу двете земји во насока на собирање , прибирање и размена на искуства помеѓу двете советодавни институции.

– Станува збор на производтсво на сирење кои што нашите хрватски колеги ќе ги пренесат знаењата на на нашите советодавци кои подоцна ќе ги обучуваат нашите земјоделски производители. Инаку познато е дека во Македонија не постојат мали произцводители на преработувалчи на млеко, токму затоа за да имаме поголема добивка , да имаме додадена вредност на производите во принмарното земјоделско производтсво се оди во насока на нивна обука како да ги произведуваат овие сирења со оглед на тоа што колегите од Хрватска имаат одлични искуства во таа насока и дека барањата и потребите со влез во еу растат во однос на овие мали земјоделски стопанства кои ќе преработуваат токму млеко и млечни производи.

Ќе се обучуваат советодавци од областа на сточарството и преработка на анимални производи .

-Ние пред се колегите советници треба да ги обучиме за да го работат тоа што ние го работиме . Тие ќе бидат во подобра позиција бидејќи ние веќе имаме искуства. Мислам дека многу ќе биде напорна работата да вашето законодавство да се прилагоди на нашето. Она што ние во изминатите 10 години го работевме , бидејќи во разговор со колегите слушнавме дека нема преработка на семејното стопанство , дека сето тоа се преработки за голем индустриски погон. Тука ќе треба да се влијае. Исто така ќе треба здруженијата да основаат здружување на земјоделците. Тоа е процес кој ќе трае , и нема да биде преку ноќ, изјави Вишња Крапен од Р.Хрватска

-Ние сме денес тука во Македонија пред се да ја продолжиме соработката , Тука станува збор за размена на искуства, размена на методологијата на работа и конкретно користење на средства од Програмата за рурален развој. Нашите советници веќе долги години соработуваат и разменуваат искуства. После потпишувањето на договорот  ќе имаме конкретен план на кој начин да ги пренесеме нашите знаења и искуства , кои се во интерес на Р.Македонија. Тоа е интересна програма едукација на мали земјоделци за преработка на млеко на семејното стопанство и на тој начин малите производители на млеко ќе прават нови производи , и на тој начин ќе осигураат дополнителна заработка, односно додадена вредност на својот производ, изјави Здравко Тушек од Р.Хрватска

Со цел засегнатите страни да добијат поквалитетна обука , истите во наредните денови ќе се спроведуваат во лабараториите на Биотехничкиот факултет.