Храна, вода, хигиенски продукти, бебешка храна, бебешки пелени, прибор за храна и други продукти се собираат во Битола, за помош на погодените од земјотресите во Хрватска. Хуманитарна акција, која самоиницијантивно ја спроведоа битолчанките Драгана Спасевска и Дијана Мицевска.
Каде може да се донира?
Донирале и битолчани и битолските стопанственици.
Апелираат донациите да бидат исклучиво намирници кои сега им се најпотребни.
За оваа хуманитарна акција поддршка добиле и од Хрватската амбасада и Хрватскиот културен центар од Битола.
Доколку сакате да донирате, а од било која причина не можете да посетите еден од маркетите каде има колички за донација, контактирајте ја Драгана Спасевска на Фејзбук, каде воедно има поставено и детали за оваа хуманитарна акција.