Хуманитарно ” Дрифтање” во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Љубителите на германскиот производител на автомобили BMW во Битола имаа прилика да ги покажат своите вештини зад воланот.

Меѓу возилата имаше автомобил кој беше дел од овој настан свадбено декориран. Соственикот вели дека немал време псоле свадбата да го врати во првобитната состојба , за него поважно било што поскоро да стигне на овој хуманитарен настан.

На BMW собирот од хуманитарен карактер кој што викендов се одржа во Битола учество зедоја околу 100 возила од Битола , Прилеп, Кавадарци, Гостивар и Скопје. Во прилог дел од атмосферата на собирот.


Инаку овој собир кој беше организиран како хуманитарен настан со цел да му се помогне на битолчанецот Николче Колев кој боледува од карцином на меко и сврзно ткиво. Организаторот Николче Стефановски BMW фан клубот Битола-Прилеп упати благодарност до сите оние кои потпомогнаја за настанот.

 

Share.