И денес многу топло време, заладување од в недела

0
470

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со утринска температура од 14 до 22 степени, а дневна од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура сѐ уште ќе биде висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.