И договорот со Бугарија се најде во битолскиот Совет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пред да почне расправата на советниците за завршните сметки на средните и основните училишта од градот за 2016 година, советничката Габриела Илиевска од ВМРО НП побара да се формира комисија која ќе испита дали раководството на општината работи за интересите на граѓаните. Комисијата би била формирана од советниците кои ќе добијат можност да имаат ревизија и следење на сите документи, преговори и договарања кои се случиле во општина Битола во сферата на спортот од 2014 година до денес. Мнозинството советница не го прифатија предлогот на Илиевска. Советникот пак Томе Наумов од СДСМ предложи Советот да донесе заклучок и да побара од Владата на Македонија во наредните 4 години да издвојува по 2 милиони евра за инфраструктурата за Битола. И неговиот предлог беше одбиен од мнозинството советници

Расправата продолжи за завршните сметки на училиштата за 2016 година, каде што опозицијата тврдеше дека состојбата е очајна, а пак власта тоа го негираше

-Блокираноста на училиштата и понатаму не е актуелен проблем. Сеуште се блокирани училиштата Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, Климент Охридски, Александар Турунџев, Коле Канински, Елпида Караманди, Јован Калаузи, Таки Даскало и Гоце Делчев.Голем е списокот на училишта кои што треба да функционираат во вака лоши околности на блокирани сметки, изјави Наташа Петровска, советник од СДСМ

-Од извештаите за работата на училиштата за 2016 година, може да кажеме дека имаме иста или слична ситуација како и во изминатите години. Имаме некаде подобрување, имаме долгови, имаме успеси на ученици, но мора да признаеме дека ниту еднаш не е дојдено до прекин на наставата, освен еднаш кога СДС ги злоупотреби децата за свои политички цели, изјави Игор Хаџиевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ

Политиката на централно ниво денеска се пренесе и на локално ниво

-Ги слушнавте изјавите на Зоран Заев дадени пред два дена во Бугарија? Им кажавте ли на децата дека од следната учебна година ќе изучуваат ноцва историја? Им кажавте ли дека таа историја ќе ја пишуваат бугарските историчари па и политичари?  Им кажавте ли на децата дека Цар Самоил ќе биде бугарски цар, пред онај истиот споменик каде што се поклони премиерот Зоран Заев , премиер кој што не е избран од народот, рече Игор Хаџиевски советник од ВМРО-ДПМНЕ

-Јас можам да ве разберам. Сите седници наназад се обидувате да ги фрлите централните теми на локално ниво. На 8 јуни на француските гробишта во Битола, кога се славеше 100 години од битката за Битола, каде што непријатели, историјата кажува дека биле Франција и Бугарија, на чествувањето на тој ден беа присутни и бугарскиот амбасадор, кој што беше нивни непријател, и францускиот и алжирскиот амбасадор, и притоа алжирската амбасадорка кажа дека овде сме за да не се заборави, рече Наташа Петровска, советник од СДСМ

Касапов од ЛДП зборуваше за проектите во образованието како што се екстерното, кембриџ и проектот компјутер за секое дете, кој според него не биле прокти туку експерименти. Советничката пак од ВМРО-ДПМНЕ  Ковачевиќ рече дека грев и невистина е да се фрли сенка врз работата на основните и средните училишта

На 65 седница на Совет советниците имаа за расправаа 36 точки од дневниот ред.

Share.