И годинава проблеми за фестивалот Манаки!?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И годинава фестивалот Манаки не минува без проблеми. Сега во време кога се подготвува овој фестивал, чие одржување е во септември. Од Душтвото на филмски работници на Македонија велат дека се уште не потпишале договор со Агенцијата за филм за организирање на фестивалот.

Навреме ја доставиле апликацијата, но и по истечениот законски рок како што вели Насков не добиле одговор.

И предупреди дека доколку што поскоро не се случи потпишување на договорот, ќе се доведе во прашање одржувањето на овогодинешниот фестивал.

И директорот на фестивалот Куновски апелира на што поскоро решавање на ситуацијата и одобрување на средствата потребни за организација на фестивалот.

Годинава до агенцијата пристигнале две апликации за организација.

Директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска, вели дека на ниту еден начин не го опструира организирањето на фестивалот „Браќа Манаки“, но дека мора да постапува во согласност со Законот.


„Долгогодишната работа и организацијата на Интернационалниот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ од страна на ДФРМ е неспорна, но мора да се има предвид дека оваа година за првпат имавме два апликанти за организирање на фестивалот на Конкурсот што го распишува Агенцијата за филм. Истовремено од страна на Општина Битола до архивата на Агенцијата за филм беше доставено и решение од Државниот завод за индустриска сопственост бр. 10-2973/7-2016ТМ/2016/878 со кое се потврдува дека општината Битола има признаено право на трговска марка за знакот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки – Битола“, којашто е заведена во Заводот за индустриска сопственост, рече таа во изјава за агенцијата Макфакс.

Таа вели дека и двата апликанти немаат доставено целосна доикументација до Агенцијата за филм и затоа досега нема решение.

– Имајќи ја предвид настанатата ситуација, Агенцијата за филм се обрати до двата апликанти со цел достава на дополнителна документација со која ќе се овозможи да се донесе соодветна одлука. Бидејќи до овој момент ниту еден од апликантите ja нема доставено целосно бараната документација, Агенцијата за филм не е во можност да донесе одлука согласно Закон.

Според неа, апсолутно не е  доведена во прашање поддршката на фестивалот, но за конечно решение се побарало и мислење од Филмскиот совет и Министерството за култура.

Share.