И мајки од Битола протестираа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Одлуката на Владата да го прекине продолженото породилно отсуство предизвика револт кај дел од мајките на бебиња и деца до шест години. Вчера во Битола излегоа на протест со парола „Здравјето на децата пред се“. Ја повикаа Владата да ја преиспита одлуката, а породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава.

„Излеговме да протестираме против избрзаната одлука на владата, продолженото породилно наместо до 31декември да прекине и мајките да се вратат на работа од 23 септември. На телевизија цело време слушаме дека има и обезбедени се места во градинките, меѓутоа гледаме дека во градаинките скоро секој ден има нов случај на заболени деца, ете вчера имаше во Струмица, претходно имаше во Скопје, имавме случај на заболена негователка во Битола, мислам дека апсолутно јасно е дека не е безбедно. Одиме да ги запишиме децата во градинка, од таму ни велат дека нема место. Но и доколку има во градаинките не е безбедно за најмалите какао што се најавува сега нов есенски бран, така што мајаките се плашат да ги пушат децата во градаинка. Бараме продолженото породилно отсуство да продолжи да трае до 31 декември какао што беше првично најавено, рече Ангелина Ангелевска Илиевска, родител на две деца, едното на возраст од 3 години и 9 месеци, а другото деветмесечно бебе од Битола.

Протест на мајките се одржа и во Скопје пред Владата. По протестот дел од нив се сретнаа со министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

„Се сретнав со родителите кои протестираа пред Владата. Заедно со министерката Шахпаска разговаравме за нивните барања кои ќе бидат разгледани на следната владина седница. Сепак, јас останувам на ставот дека состојбта со вирусот ќе трае и дека мора да се навикнеме да живееме со него. Мора полека да се враќаме во нормала и затоа внимателно, преземајќи ги сите превентивни мерки, градинките ги отворивме и создадовме услови родителите да се вратат на работниот процес“ рече министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната средба со  дел од родителите  кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство.

Двајцата министри им пренесоа дека Одлуката е донесена врз основа на сериозна анализа за безбедноста на децата во градинките,  во консултација со Комисијата за заразни болести, како и врз основа на информациите дека во јавните установи за згрижување и воспитување на децата целосно се почитува Протоколот за активности во установите кој на минимум го сведува ризикот од ширење на КОВИД-19. Оттука логично е после отворањето на градинките, родителите да се вратат на работниот процес, се вели во соопштението од владата.

Share.