И патронатот се прослави онлајн

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Оваа година нашето училиште празнува 73 години од своето постоење.
Во 1947 г. започнува со работа Нижото музичко училиште, со одлука на тогашната Народна влада на Р.Македонија.
Наставата започнува да се одвива само со еден клавир, две труби и неколку виолини.

Првите педагози во скромни услови, несебично го пренесувале своето знаење на 148 ученици во таа прва година на постоење. После дванаесет години, музикото во нови простории за прв пат добива концертен клавир.

Во 1962 се формира Средно музичко училиште.
Нашето училиште е многу значајно за културното издигање на градот како и за афирмација на Битола и Македонија насекаде низ светот. Нашето музичко семејство е огромно, битолското музичко училиште е расадник на музичари, инструменталисти, теоретичари, хористи, солисти, професори.

За жал, поради состојбата со вирусот Covid19, ова се тешки моменти и за културата и образованието во Македонија, па така оваа година, за прв пат од своето постоење, Музичкото училиште нема да одржи годишен концерт.

По идеа на наши колеги, оваа годишнина нема да ја оставиме незабележана, па затоа изработивме кратко видео со кое ќе ја одбележиме. Напишаа на официјалната Фејзбук страна на Државното музичко училиште.

Од Музичкото се заблагодарија до Христијан Котевски од Creatix Production кој им помогнал за монтажата на видеото.

Share.