Brass Brothers ја презентираа својата најновата песна, насловена „I Wanted More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка Мијата. Ова ново музичко издание е моќна музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на Мијата.
Оваа песна, која се надеваме дека ќе ги освои срцата на клубската публика, е најава за концертот на Мијата на 15-ти мај во Малата Сала на Филхармонија во рамките на Скопски Градски Фестивал.

Песната “I Wanted More“ е дел од вториот албум на Brass Brothers, „We Are Energy“. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна. Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во Brass Brothers, додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска. Видеозаписот е во режија на Сара Јазаџиска Бибовска, а директор на фотографија е Борис Ралев. „I Wanted More“ е веќе достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници.











