Идентификувани двајца напаѓачи од Лондон

0
319

Двајцата мажи кои го извршија терористичкиот напад во саботата во Лондон се идентификувани од страна на полицијата. 27-годишниот Курам Бат, оженет и татко на две деца, живеел со години во Баркинг, во источниот дел на Лондон. Другиот напаѓач е именуван како Рашид Редуан на возратс од 30 години.

Според полициски информации, Бат е државјанин на Британија, со потекло од Пакистан, додека Редуан има мароканско и либиско потекло. Бат и бил и претходно познат на полицијата и на МИ5, но немало докази дека планирал било каков напад. Идентитетот а третиот напаѓач се уште не е соопштен.

http://makfax.com.mk