Имал четири прачки кои личеле на експлозивна направа

0
797

Педесет и седумгодишниот И.И. од скопско Арачиново денеска е уапсен пред Врховниот суд за време на изрекувањето на пресудите за обвинетите во случајот „Дива населба“ во скопскиот Кривичен суд, потврдија од МВР.

Тој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозивна направа.

Од МВР за МИА потврдија дека лицето е во полициска станица „Беко“ и со него се разговара. Прачките ќе бидат предадени на вештачење за да се утврди за што точно се работи.