Имотната состојба на битолските пратеници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Каква е имотната состојба на новите пратеници од Битола. Ги имаме четворица, еднa пратеничка од владеачката СДСМ, две пратенички од опозициската ВМРО ДПМНЕ и еден независен. На веб страната на Државната комисија за спречување корупција ги има податоците од анкетните листови за имотната состојба на избраните и именуваните функционери.

Пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска пријавила:

Недвижен имот гаража, имот на родители, 15 метри квадратни и вредност 34 илјади и 500 денари, стекнато со наследство. Две куќи како имот на родителите. Едната со вредност од 2 милиони и 750 денари и другата 915 илјади денари, стекнати како подарок. Исто така и стан како имот на родителите со вредност од 1 милион и 220 илјади денари, 34 метри квадратни во Скопје, стекнување со договор за купопродажба. Има и помошни простории стекнати со наследство со вреднос од 30 илјади денари. Пријавила и едно возило Сузуки во вредност од 240 илјади денари, личен имот стекнат со договор за купопродажба. Како личен имот има и девизен депозит во висина од 3 илјади евра, стекнување на друг начин. Пријавила и кредит од 310 илјади денари од 2019 година на 10 години, и кредитна картичка на која има 78 илјади денари.

 

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Олга Лозановска пријавила:

Деловен простор во Битола, имот на брачен другар стекнат со наследство 1 милион денари. Куќа во Битола на 205 метри квадратни вредност е 4 милиони 880 илјади денари, имот на брачен другар, стекнат со наследство. Два стана во Скопје. Едниот на 74 метри квадратни со вредност од 4. 921 537 денари, имот на брачен другар стекнат со договор за купопродажба, другиот стан во Скопје на 54 метри квадратни и вредност од 3. 985 200 денари, имот на деца, стекнување со договор за купопродажба. Пријавила и две возила, едното Шкода рапид 360 илјади денари, имот на брачен другар, стекнување на друг начин, и Рено клио 350 илјади денари со договор за купопродажба, имот на деца. Денарски депозит какао личен имот со 663.866 денари. Пријавила и четири кредити, два како имот на деца, и двата по околу 1,5 милиони денари или вкупно 3 милиони денари. Друг кред,  име на фирма со висина од 3. 690 000 денари и пријавила уште еден кредит од 1 милион денари, личен имот.

 

Пратеничката Силвана Ангелевска пријавила:

Куќа во Битола на 240 метри квадратни во вредност од 4 милиони и 800 илјади денари, имот на брачен другар, стекнување со договор за градба. Друга куќа со помошни простории во Демирхисар, имот на брачен другар, стекнат со наследство во вредност од 600 илјади денари. Ангелевска пријавила и три стана, еден во Битола, имот на брачен другар, стекнат со наследтсво во вредност од 1,5 милиони денари, уште еден стан во Битола како личен имот, стекнат со договар за подарок во вредност од 900 илјади денари. И Ангелевска има стан во Скопје на површина од 61 метар квадратен, вредноста е 3,7 милиони денари имот на деца, стекнат со договор за купопродажба. Пријавила и три возила, Рено Меган 120 илјади денари имот на брачен другар со договор за купопродажба, Шкода октавија 600 илјади денари имот на деца стекнат со договор за купопродажба, Рено клио 18 илјади денари, личен имот, со договор за купопродажба. Пријавила и кирија од стан 4000 денари и два орочени денарски депозити над 1,6 милиони денари, едниот гаранција за кредит, кај другиот е наведено сукцесивно. Пријавила и кредит околу 1,4 милиони денари имот на брачен другар, и земјоделско земјиште и ливади во Демирхисар, 1 милион денари имот на брачен другар стекнат со наследство.

Од Битола и пратеникот Игор Дурловски, кој беше носител на листата во 5- тата изборна единица на ВМРО ДПМНЕ, а кој сега на страницата на Собранието е во листата на независни пратеници.

Пратеникот Игор Дурловски пријавил:

Куќа во Скопје на 263 метри квадратни, со вредност од 15 милиони денари личен имот, стекната со договор за градба. Потоа земјиште 1400 метри квадратни во Скопје со вредност од 5 милиони денари, личен имот стекнат со договор за купопродажба. И пријавил две возила како личен имот со договор за купопродажба, еден Крајслер 600 илјади денари, и Фиат 500 во вредност од 240 илјади денари.

Share.