IN MEMORIAM

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Петко Шипинкаровски (1946), писател и поет, драматург, есеист и книжевен критичар, е роден во селото Будимирци, Битолско.

Основно образование завршил во Будимирци  и Старавина, а со средно образование се стекнал во Битола. Дипломирал на Факултетот за безбедност при Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонското научно друштво – Битола, почесен  член на Друштвото на писателите на Србија и на Книжевното друштво на Косово и Метохија, како и надворешен член на Сојузот на независните писатели на Бугарија.

Шипинкаровски учествувал на голем број научни и книжевни манифестации во земјата и странство од меѓународен карактер.

Основач е и претседател на Културниот центар БРАН  од Струга и главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и наука БРАНУВАЊА  и организатор на меѓународната манифестацијата Струшки книжевни средби во рамки на манифестацијата Срушки вечери на поезијата.

Преведувал од бугарски, српски и хрватски, а неговите дела се преведени  на албански, англиски, бугарски, полски, руски, романски, српски, словенечки, хрватски.

За неговиот книжевен опус добитник е на голем број награди и признанија во земјата и странство.
Шипинкаровски е почесен граѓанин на градот Сирмиум (Sirmium) – Сремска Митровица, Србија.

По кратко боледување почина на 26 јануари 2020 година во Струга каде го помина најголемиот дел од својот живот.

Опелото ќе се изврши на 27 јануари го 13 часот на градските гробишта во Струга.

Share.