IN MEMORIAM: Почина Радован Ѓорговски-Циздата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По долго и тешко боледување на 70 годинашна возраст почина битолчанецот, Радован Ѓорговски – Циздата, поранешен фудбалер, тренер и фудбалски работник.

Фудбалската кариера Ѓорговски ја започнал во фудбалскиот клуб БСК, а потоа и во Пелистер. Потоа фудбалската кариера ја продолжи во ФК Битола и ФК Транскоп, а надвор од Битола настапувал за ФК Овче Поле од Свети Николе.

В сабота пред почетокот на натпреварот Пелистер – Струга Трим Љум ќе му биде оддадено едноминутно молчење.

Share.