Искршено стаклото на Рускиот конзулат во Битола

0
2260

Непознати сторители го искршиле стаклото од просторииите на Почеснит конзулат на Руската Федерација во Битола, кој се наоѓа на Широк Сокак, на плоштадот Магнолија.

Од битолската полиција информираат  дека случајот кај нив бил пријавен попладнево во 15,40 часот и најверојатно се случил непосредно пред пријавата, односно на среде бел ден.

– Извршен е увид и се работи на расветелување на настанот, велат од СВР-Битола за Апла.мк.

Почесниот руски конзулат беше отворен лани во август, а претходно на 6 јуни 2016, по предлог на Министерството за надворешени работи на Руската Федерација, Владата на РМ го именуваше рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, за почесен конзул.