Истрага за тоа дали Трамп се обидел да ја спречи истрагата за Русија

0
309

Американскиот специјален советник Роберт Милер почнал истрага за тоа дали претседателот Доналд Трамп се обидел да ја попречи правдата во врска со истрагата на ФБИ за руското мешање во претседателските избори лани, пишува весникот „Вашингтон пост“. Истрагата во попречувањето на правдата, кое е кривично дело во САД почна неколку дена откако Трамп го отпушти поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми и претставува клучна пресвртница во случајот кој стартува пред една година со истрагата за можното руско влијание врз изборите.

https://www.slobodnaevropa.mk