Италија ѝ се заканува на ЕУ дека ќе ги затвори пристаништата поради „презаситеност“

0
545

Италија вчера побара од Европската Унија да помогне во прифаќањето на африканските емигранти и ја истакна можноста од затворање на своите пристаништа за спасувачките бродови за да изврши притисок врз партнерите од ЕУ, јавува Фајненшал тајмс повикувајќи се на информирани извори.

Италијанскиот амбасадор во ЕУ Маурицио Масари се сретнал со комесарот на ЕУ за миграции Димитрис Аврамопулос и му кажал дека ситуацијата со која се соочени е „сериозна и Европа не може да им го сврти грбот“, изјавил извор од италијанската влада.

„Се разгледуваше идејата да се блокира враќањето на хуманитарните бродови кои пловат под странски знамиња во италијанските пристаништа“, изјавил друг извор од италијанската влада за Ројтерс.

„Тоа би можело да ги присили партнерите во ЕУ да ги прифатат бидејќи голем број од хуманитарните организации кои користат спасувачки бродови имаат седишта во други земји од ЕУ, вклучувајќи ги Малта и Германија. Италија дојде до точка на презаситување“, изјавил изворот.

Во Италија преку море влегоа над половина милион емигранти од 2014 година, а рекордни 181.000 луѓе пристигнале минатата година. годинава пристигнувањата пораснале за 75.000, што е зголемување од 14 отсто во споредба со изтиот период минатата година.

http://www.mkd.mk