Избрани делегатите од Битола за конгресот на СДСМ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
На општинска Конференција во ОО СДСМ Битола, организирана согласно сите протоколи за заштита од COVID 19, вечерва беа избрани делегати за Конгрес на СДСМ, со мандат 2020-2024 година.
Претседателот на ОО СДСМ Златко Ќурчиевски на сите избрани делегати им посака успешна работа и им порача да бидат добри репрезенти на Битола и да се борат за интересите на своите сограѓани.
На присутните им се обрати и потпретседателката на Радмила Шекеринска која што беше носителка на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме “ на последните предвремени парламентарни избори.
Таа  се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува Владата, начинот на делување на партијата и активностите во претстојниот период.
Од СДСМ рекоа дека остануваат отворени кон граѓаните и дека ги бираат вистинските луѓе на вистински места, со цел носење одлуки за заеднички цели, во интерес на сите граѓани.
Share.