Изложба на Магнолија „Бегалец сега – човек секогаш“

0
2253

Со цел подигнување на свеста кај јавноста за страдањата, потребите и правата на бегалците од денес до 11 ноември на плоштадот Магнолија е поставена изложба на фотографии.

Изложбата се состои од четири теми: Колку боли разрушен дом, што би направил родител за своето дете, солидарност на дело и културно наследство. Фотографиите се од бегалската криза на Косово, војната во Босна и од војната во Сирија.

Проектот е УНХЦР во соработка со Центарот за човекови права и разрешување на конфликти и Центарот за истражување образование и развој. Изложбата се одржува низ повеќе градови на Македонија, а Битола е петтиот град каде што истата е поставена. Проектот е финансиран од УНХЦР.