Изложба на Роберт Музил

0
857

Во рамките на Бит Фест во Битола се отвори изложбата посветена на австрискиот книжевник Роберт Музил. Како податок се наведува дека изложбата тежи 1.200 кг. заедно со панелите, 6 аудио и 6 видео станици. Она што е посебно интересно за настанот е дека Роберт Музил не е непознато име во македонската библиотечна понуда и книжевна дејност. Инаку, комплетната координација на проектот е од Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

– Роберт Музил е значаен писател, бидејќи пишува едно многу значајно дело кое што е преведено и во Р.Македонија во рамките на проектот Ѕвездите на светската литература, а тоа е Човек без својства, и остава длабоки траги во германската јазична литература која што е преведена на многу странски јазици со тоа дело, изјави Проф. Д-р Валентина Илиева почесен конзул

Да се зацврстат контактите со Австрија кои се важни за билатералното разбирање на луѓето. Бидејќи културата ги повзрува луѓето вели директорот на дирекцијата за култура во покраинската владата на Горна Австрија Хајндух Крета

Перформансот е адаптиран на македонски јазик, со превод на текстови и аудио станици, изработена во Штифтер хаус во Линц и на тој начин овозможена за прикажување во Македонија, благодарение на Покраинската влада на Горна Австрија и Дирекцијата за култура.