Jа застрелале додека им помагала на повредените

0
789

За време на судирите на стотиците палестински демонстранти и израелската војска во источна Газа, на границата со Израел,  била убиена 21-годишната Палестинка Разан ал Наџар.

Нејзините фотографии и снимки беа објавени на Твитер бидејќи станува збор за девојка која со недели волонтираше како болничарка и им помаше на повредените во протестите, пишуваат светските медиуми.

Разан ал Наџар е убиена додека им помагала на повредените, а во моментите кога била застрелана во градите на себе имала бела лекарска престилка, пишува Франс прес.

mkd.mk