Јапонски пратеник кој предизвика национална дебата за татковци на породилно отсуство поднесе оставка откако призна дека имал љубовна афера кога неговата сопруга требало да се породи.
Кенсуке Мијазаки на прес-конференција се извини за “предизвикување метеж” и соопшти дека ја напушта функцијата пратеник.
Мијазаки направи бранови минатиот месец, кога тој стана првиот машки пратеник во Јапонија кој побара татковско отсуство.
Тој се соочи со големо противење во јавноста која ваквиот потег го толкуваше како запоставување на должностите на пратеник и на луѓето кои гласале за него.