Јавна седница на Апелација за куќниот притворот на Талески

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Апелациониот суд попладнево во 14 часот ќе се одржи јавна седница на којашто ќе се расправа по жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за куќниот притвор којшто му го определи Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1.

Седницата ќе се одржи на барање на одбраната на Талески. Талески од пред една седмица е во куќен притвор за случајот „Траснпортер“ по барање на Специјалното јавно обвинителство.

За овој случај има вкупно 22 осомничени, а се товарат за малверзации со превозот на учениците.

СЈО бараше притвор за Талески но судија му одреди мерки на претпазливост односно одземање на пасшот, но Кривичниот совет на судот ја преиначи одлуката и му определи куќен притвор во траење од 30 дена./крај/мф/ффс

Share.