Јубилеј на Фондацијата „Д-р. Димитар Котевски“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фондацијата Д-р.Димитар Котевски прослави 5 години од своето постоење . Тоа е Хуманитарна организација чија мисија е да ја шири хуманоста помеѓу здравствениот персонал , лекарите и сестрите.

-На почеток почнавме со сестрите, малку направивме едукација за подобро и похумано однесување на сестрата помеѓу болните, бидејќи тој проблем како таков постои. Сестрата е една од важните карики во медицинската нега, изјави Примариус Д-р Димитар Котевски, основач на Фондацијата „Д-р Димитар Котевски“

Заедно со ВМШ излезе и 5 тиот број на списанието „Македонско сестринство“. Списанието е интернационално, единствено во Македонија, во кое што се застапени едукативни, стручни и научни предавања.

-Сериозна работа е да се започне со издавање на списание, но уште посериозна работа е тоа да излегува во континуитет . Јас сум главен и одговорен уредник на спианието, во уредувачкиот одбор се професорите од ВМШ. Во овај број има извештаи на соработници од Медицинскиот факултет од Варна , изјави проф.Д-р Домника Рајчановска, директор на ВМШ и уредник на списанието „Македонско сестринство“.

Бидејќи Фондацијата ја шири хуманоста помеѓу здравствените работници, прашавме колку таа хуманост денес ја има ?

-Хуманоста е една, таа е универзална Таа преформации доби, од еден социјален систем преминавме на капиталистички систем, каде голема улога игра парата. Сите ние како луѓе , не сме имуни подлегнуваме на парите. Често пати имаме афери за мито и корупција. Порано во мое време беше различно . Ако некој ти донесеше една бомбоњера, ние сите заедно ја делевме и јадевме. Сега луѓето станаа алчни . Но верувам дека хуманоста на крајот ќе победи, вели Примариус Д-р Димитар Котевски.

Промовирана беше и монографијата Д-р Димитар Котевски .Посетителите кои што беа на одбележувањето на 5 годишниот јубилеј на Фондацијата , имаа мошност да погледнат и мини изложба од ликовниот уметник Панде Петровски .

Share.