Како да му се спротивставиме на променливото време?

0
938

Променливото време и температурните разлики во текот на денот се главната причина за зголемениот број на повици и интервенции од страна итната медицинска помош. Ризична група на пациенти се пред се повозрасните, децата и хронично болните луѓе. Во период од 24 часа Итната медицинскаа помош од Битола имала околу 20 до 25 интервенции, а во текот на една недела имале од 50 до 60 прегледи во дневната амбуланта. Бројот на граѓани кои што се обратиле до брзата помош за време на викендите бил двојно зголемен, околу 100 прегледи, поради не работоњето на матичните лекари.


-Maкедонија во последните неколку недели е под влијание на големи температурни разлики кои што неповолно влијаат врз здравјето на луѓето. Најранливи категории се хронично болните, децата и повозрасните лица. Поради неповолното влијание на овие температурни разлики и бројот на пациенти кои што побараа помош во нашата служба е зголемен во однос на претходниот период. Најчесто помош бараат оние граѓани кои што имаат проблеми со притисокот, ова време доведе и до влошување на состојбата хроничните срцеви болни, болни со белодробни заболувања и многу чести се цревните инфекции, изјави д-р Моника Јовановска од Итната медицинска помош во Битола

Поради променливото време, лекарите со препорака за поголема внимателност кај повозрасните, но и кај помладите.До сите граѓани апелираат редовно да ја земаат препишаната терапија, а во врска со цревните инфекции, советуваат да не се замаат антибиотици на своја рака.

Информацијата од метеоролозите е дека и до крајот на неделата ќе имаме променливо време. денеска во целата земја сончево и топло, а доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особеново западните делови.Дневната температури во Битола до 30 степен. Повремени врнежи ќе има и во текот на ноќта, како и утре претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува. Утре дневните температури ќе се движат од 26 до 31 степен.Позначителен влажен бран се очекува и во сабота попладне. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура, прогнозира УХМР Македонија.