Како да постапите ако имате убод од инсекти?

0
878

Пролета и летото се годишни времиња кои што ги користиме за чести прошетки во природа. Но природата, најчесто тревата  носи со себе и ризик каде може да бидете каснати од инсекти. Бројот на граѓани кои што биле каснати од инсекти е зголемен, вака велат од итната медицинска помош во битола и додаваат дека не сите инсекти можат да доведат до одредени заболувања. Меѓутоа има инсекти кои што можат да пренесат заразни заболувања како и да доведат до алергиска реакција. Најчесто убодите биле од пчели, оси, стршлен и комарци.

-Има три видови на реагирање, нормална реакција каде после секој убод на местото се јавува болка и црвенло, локална реакција , да дојде до поголем оток , посебно ако убодот е на некој зглоб, може да потече и целиот екстремитет, меѓутоа во глобала не се разликува многу од нормалната реакција, и трета најтешка бурна алергиска реакција, за која треба итно да се бара лекарска помош. Во овај случај симптомите се шоквознемиреност, болка, пад на крвниот притисок, отежнато дишење , каде веднаш се препорачува да се оди на лекар, изјави д-р Моника Јовановска,Итна медицинска помош-Битола

Постојат средства кои што превентивно се нанесуваат на изложените делови на телото. Тоа се така наречени репеленти и нивните состојки делуваат одбивно за инсекти и го спречуваат нивното приближување и каснување

-Кај лицата кои што се алергичен на некој инсект по препорака на лекар секогаш со себе да носат лекарства , а постојат и лекарства кои што се даваат во тешки алергиски реакции. Доколку имаме нормална реакција со лесен оток се препорачува да се измие местото со вода и сапун , доколку има оток да се стават ладни облоги за да се намали отокот, додава д-р Јовановска
Најдобра заштита од инсектите е основната превенција

-Да се носи светла облека, со долги ракавици, да се избегнува да се користат сапуни, детергенти и омекнувачи со силен и интензивен мирис,вели д-р Јовановска

За да не дојде прошетката во природа да биде место каде што ќе добиете убод од некој инсект, послушајте ги советите на лекарите.