Како го искачив врвот К2

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Алпинистот Здравко Дејановиќ во 2014 година го искачи врвот К2, втор највисок врв на планетата. Се наоѓа во пакистанскиот дел на Хималаите. Само Монт Еверест е повисок од К2, но искачувањето на К2 се смета за доста потешко од искачувањето на Монт Еверест. Дури е вброен во најсмртоносните врвови на светот.
Инаку Здравко е роден во Скопје, дипломирал на факултетот за Физика, уште од најрана возраст е вљубеник во спортот, а повеќе од две децении е посветен во искачување на највисоките врвови на светов.
Дејановиќ своите искуства, совети, слабости, подеми, мисли реши да ги сложи во книгата „Како го искачив К2“. Додека пак промоција одржа и во Битола.

-Книгата е една целина составена од два дела во едниот дел, е само географскиот опис, како е да се стигне до К2, опишував каква е структурата на карпата, а другиот дел од приказната е чисто човечкиот момент, психолошките моменти со кој се среќаваме горе, јас многу пати имам кажано, дека К2 е таква планина што може да ви ги открие сите слабости што ги носите во себе при искачување на самиот врв, изјави аплинисот Здравко Дејановиќ

Најважната поука е дека од секој голем неуспех треба да излеземе многу позрели и појаки и со поголема верба за успех.Најважната поука е дека од секој голем неуспех треба да излеземе многу позрели и појаки и со поголема верба дека можеме.

– Неопходно е посебни припреми, психофизичка спремност но најважни се мотивите, исконската желба одвнатре, да се искачи таков врв како што е К2 има мистика дека е неосвоив, а во последните осум години К2 е искачен само два пати во 2012 год и во 2014 година кога јас бев таму, изјави Здавко Дејановиќ

За тоа кои се негови следни предизвици тој вели дека и покрај искачувањето на врвовите Монт Еверест, К2 и Анапурна 1 не е завршена неговата , и дека негово следно искачување ќе биде повторно поврзано со врвот К2 но овој пат во во зима, при температура од минус 60 степени .

Share.