Како Ковид 19 влијае врз битолското стопанство

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес  во организација на Младинскиот културен центар од Битола се одржа панел дискусија на тема „Ефектите од економските мерки на Владата за справување со кризата од КОВИД-19 врз стопанството во Битола“.

Настанот се организира во соработка со Локалниот економско социјален – совет на Општина Битола којшто ја издвои оваа тема за дискусија поради наејзината актуелност а со цел да им се даде можност на битолските стопанственици да дискутираат на темата и да извлечат заклучоци и решенија кои заеднички би ги адресирале до донесувачите на одлуки на локално и национално ниво.

За време на настанот учество зедоа претставници на повеќе од 10 битолски компании од различни сектори: угостителство, осигурување, градежништво, комерција, дистрибуција, индустрија итн., како и преставници од образование, агенција за вработување, граѓански сектор, синдикати. Сите ја поздравија иницијативата и потребата од организирање на вакви настани со цел да се слушне гласот на локалните чинители со цел мерките на Владата да бидат во корелација со реалните потреби на терен.

Некои од главните препораки извлечени од дискусијата беа дека се потребни мерки кои ќе се однесуваат на подолг рок со цел самите компании да можат да се изборат за опстанок, застанување на државата како гарант пред банките, реструктуирање на кредитите со рокови на отплата над 12 години како и поголема внимателност со цел наменско доделување на помошта онаму каде навистина е потребна.

Share.