Какво време ќе имаме во наредните денови?

0
665

Времето утринава претежно облачно со ниска облачност по котлините и појава на магла во Тетово и Полошката котлина, на југоисток во Струмичко, но и во повисоките предели на североисток. Понекаде дува слаб променлив ветер. Врнежи од дожд има во Маврово и Лазарополе, а во изминатите часови имаше и во Скопско.

Минималните температури изнесуваа 4 Лазарополе, Маврово, 5 Крушево, 6 Кр. Паланка, Берово, Пожаране, 7 Прилеп, Ѓуриште, Тополчани, 8 Претор, Охрид, Битола, Тетово, Дебар, 9 Скопје, Куманово, Виница, Гевгелија, 10 Штип, Скопје Петровец, Струмица, Д. Капија, 11 Дојран.

Наврнал воден талог (во л/м2) за 24 часа до 8 часот : 2 Кр. Паланка, Скопје, Куманово, 4 Ѓуриште, Тетово, 5 Виница, Охрид, 6 Битола, Д. Капија, Гевгелија, Пожаране, 8 Маврово, 9 Штип, Прилеп, Тополчани, 12 Струмица, Дојран, Лазарополе, Дебар, 13 Претор, 14 Берово, 15 Крушево.

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд претежно на запад и претпладне и повеќе претпладне. Наутро понекаде во котлините ќе се задржи магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер поизразен вдолж Повардарието. Попладне на североисток ќе има повеќе сончеви периоди. Температурата од 12 до 18 степени.

Времето во наредните денови : Ќе продолжи  периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Денес и утре врнежи ќе има во планинските региони и ќе се со локален карактер, а кон југ можна е и појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој во недела краткотрајно ќе засилува, а во понеделник ветерот особено вдолж Повардарието ќе е засилен. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, и ќе се проследени со опаѓање на температурата па на планините врнежите може да поминуваат во снег. На крајот од работната недела времето ќе е постудено.