Каталонија би можела да добие поголема автономија

0
226

Шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис, не ја отфрли можноста актуелната криза во Каталонија да доведе до проширување на нејзината автономија.

– Независноста (Каталонија) ја исклучувам, но не и широка автономија, иако и сега Каталонија е еден од регионите со најшироки овластувања, не само во Шпанија, туку и во светот, изјави Дастис, одговарајќи на прашањето за можниот исход од кризата.

Според него, каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон, кој во саботата беше сменет од Мадрид поради прогласувањето независност на Каталонија, „теоретски може да учествува на регионалните избори во декември”.

-Не знам каква ќе биде судската активност до 21 декември. Ако тој не е во затвор, мислам дека не му е одземено правото да учествува на изборите, рече Дастис.

Шпанскиот дипломат ги предупреди поддржувачите на независноста на Каталонија дека изборите ќе се одржат согласно законот и нивните резултати ќе треба да се почитуваат.

http://a1on.mk