Каталонските партии не постигнаа договор за предизборна коалиција

0
200

Каталонските партии не постигнаа договор за настап со единствена кандидатска листа на регионалните избори закажани за 21 декември.

Крајниот рок за регистрирање на коалиција истече на полноќ, без договор меѓу двете најголеми партии кои се залагаат за независна Каталонија – каталонската европска демократската партија на Карлес Пучдемон и републиканската левица на Каталонија на Ориол Жункерас.

Според анкетите, кои ги врши весникот Вангардија, партијата на Пучдемон може да очекува меѓу 14 и 15 места, додека левицата би освоила меѓу 45 и 46 пратеници.

Разрешениот премиер Пучдемон повикуваше на обединување на партиите кои се за независност, по примерот на изборите во 2015 година, кога тие настапуваа заедно.