Ќе се носи одлука за продажба на доминантниот пакет акции во РК Пелистер

0
1309

На наредната седница на Советот на општина Битола според предложениот дневен ред ќе се најде и точката за носење одлука за продажба на доминантен пакет на акции во сопственост на Општина Битола во Друштвото за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ ПЕЛИСТЕР АД, Битола/

Со таа Одлука ќе се утврдува продажба на доминантен пакет на акции ( 51% ) во сопственост на Општина Битола во Друштвото за спортски дејности по пат на јавно наддавање со објава на Јавен повик за поднесување на понуди.

Право на учество на Јавниот повик од член 1 на оваа Одлука имаат сите домашни и странски физички и правни лица.
Вкупната вредност на цената на акциите во сопственост на Општина Битола во Друштвото од 100% е минимум 1.537.500,00 денари односно 6150,00 денари по акција.
Основен критериум за избор ќе биде највисокиот понуден износ на минимум-годишно вложување за временски период од 3 години, при што процентуално ќе вложува во вкупен буџет не понизок од 300,000.00 евра годишно во денарска противвредност согласно средниот курс на Народната банка на Република Македонија.
После 3 години, да се спроведе постапка за продажба на дополнителни 25% од акциите сопственост на општината и процентуално учество во финансирањето во следниот период. Купувачот на доминантниот пакет на акции од 51% има обврска да ги докупи 25 % од акциите после 3 – тата година , доколку нема друг купувач.