Кичевчани уживаа во претставата Првин ќе ме земеш, после ќе ме…

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претставата Првин ќе ме земеш после ќе ме…во режија на Ѓорги Ризески ги воодушеви присутните во Центарот за култура Кочо Рацин во Кичево.

Во хит- комедијата играат познатите македонски актери: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ.

Претставата е одиграна 30 пати на сцената во театар Комедија во Скопје и низ повеќе градови низ државата.

Дејствието на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“, помеѓу лекторката Кети-Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев.
Тој, маж со неуспешен брак зад себеси, решен – никогаш повеќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура.
Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се мажи на оваа средба, уште истата вечер. Ваквите контра очекувања, оваа средба ја прават исполнета со многу конфликтни ситуации кои во одредени моменти водат до точка на безизлезност.

По пат на гласање публиката одлучува по која од понудените варијанти се гради претставата, така што секоја нова реприза е по многу сцени поразлична од претходната изведба.

Продуценти на претставата се Роберт и Мирјана Ристов.

Share.